Стопанска банка Битола: Јавната понуда на обврзници не е реализирана

32

stopanska-banka-bitola

Стопанска банка Битола информира дека јавната понуда на обврзници не е реализирана, бидејќи не се продадени понудените 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност.

“Јавната понуда на хартиите од вредност беше одобрена со Решение бр. УП 1 бр. 10-60 од 08.07.2016 година на Комисијата за хартии од вредност. Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена во дневниот весник Утрински весник на 23.08.2016 година, а на веб страницата на берзата на 23.8.2016 година, кога беше објавен и проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност. По завршување на рокот за реализација на јавната понуда, од понудените 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност (обврзници), не се продадени обврзници со што јавната понуда не е реализирана. Стопанска банка а.д. Битола им благодари на сите кои покажаа интерес за запишување на корпоративната обврзницата со кои беше многу блиску до успешно завршување и запишување на јавната понуда со каматна стапка од 4,10 %“, стои во соопштението.

Сепак, како што се наведува, вонредните економски околности кои се случија со издавање на Македонската еврообврзница со каматна стапка од 5,6%, покачувањето на референтната каматна стапка на благајничките записи на НБРМ од 3,25% на 4%, кои беа главен индикатор за интересот кај инвеститорите, влијаеа да нема доволно интерес за успешно запишување на обврзницата по оваа каматна стапка.

Стопанска банка а.д. Битола останува на идејата за издавање на емисија на корпоративна обврзница согласно своите потреби и прифатливата цена на капиталот за што се очекува во блиска иднина да продолжат активностите за реализација на истото.