Стопанска банка Битола по трет пат со награда од Global Banking & Finance

19

stopanska-banka-bitola

Финансискиот магазин Global Banking & Finance на Стопанска Банка АД Битола по трет пат ѝ ги додели наградите за најдобра банка за работа со физички лица и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година, стои во соопштението.

Global Banking & Finance секоја година доделува награди на банките коишто се истакнуваат со својата експертиза во финансискиот свет. Наградите се одраз на иновациите што банките ги вклучуваат во своето работење, креираните стратегии како и на прогресивноста на промените во работењето на банката како целина.

Да се биде дел од листата Global Banking & Finance, како што се наведува, претставува вистинска привилегија.

Наградите за најдобра retail банка и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година се дел од признанијата на банката што работи на тоа да биде препознаена и призната како стабилна банкарска институција.