Стопанска банка Битола со добивка од 52,4 милиони денари во првото полугодие

79

Стопанска банка Битола, во период од први јануари до 30-ти јуни годинава, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 52.421.000 денари, покажува билансот на успех.

Во првите шест месеци од минатата година, банката евидентираше добивка од 3.373.000 денари.

“Фокусот беше ставен врз наплата на нефункционалните побарувања што заедно со редовните нето приходи придонесе за остварување на позитивен финансиски резултат за периодот 01.01-30.06.2020 година, односно нето добивка во износ од 52,42 милиони денари“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2020 – 30.6.2020 година изнесуваат 144,33 милиони денари. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, повеќекратно намалување на основната каматна стапка на НБРСМ, како и сите останати мерки кои се преземааа во врска со настанатата ситуација со вирусот COVID-19, како што се наведува, приходите од камати се пониски за 8,35% споредено со истиот период од минатата година и покрај растот на кредитната активност.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 22,98% споредено со претходната година. Притоа подинамичен раст имаа приходите од провизии и надоместоци, коишто се зголемија за 19,06% споредено со остварените приходи од провизии и надоместоци во периодот 1.1.2020 – 30.6.2019 година. Најголем придонес кон растот имаа приходите од провизии од платен промет во земјата и странство, како и приходите од провизии од кредитирање.

Фото: Freepik