Стопанска банка Битола со добивка од 7.842.000 денари во 2015 година

45

stopanska banka bitola

Стопанска банка Битола во период од први јануари до 31-ви декември оствари добивка од 7.842.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, банката прикажа добивка од 159.731.000 денари.

“Во услови на силна конкуренција во банкарскиот сектор, отежнати услови на стопанисување во домашната економија, како и бавно заздравување на глобалната економија од неодамнешната финансиска криза, Стопанска банка АД Битола успеа да оствари позитивен финансиски резултат, односно нето добивка за период 01.01. до 31.12.2015 година во износ од 7,84 милиони денари“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат, објавено на Македонска берза.

Нето приходите од камати беа на ниво од 262.117.000 денари, додека една година претходно достигнаа 452.391.000 денари.

“Нето приходите од камати се пониски за 42,06% во однос на остварувањето од минатата година што се должи на наплата на претходно отпишани побарувања по камати, коишто беа значаен извор на вонредни приходи од камати за банката во 2014 година“, стои во Образложението.

Во услови на зголемен обем на кредитни работи и работи во платниот промет, зголемен обем на работа со платежни картички, распространета мрежа на дистрибуција, како и поради зголемениот број на клиенти, нето приходите од провизии и надоместоци, како што се наведува, бележат раст од 11,81% споредено со претходната година.

“Годишен раст од 60% е регистриран во позицијата нето курсни разлики што позитивно се одрази врз финансискиот резултат на банката“, стои подолу во Образложението.