Стопанска банка Битола со поддршка за развој на социјално претприемништво

36

stopanska-banka-bitola

Продолжуваат менторските средби помеѓу Добрите брендови и десетте невладини организации кои добија грантови и поддршка да се трансформираат во социјални претпријатија во рамки на проектот Smart Start, стои во соопштението на банката.

Минатата недела се одржа првата средба помеѓу Добриот бренд Стопанска банка а.д Битола и социјалното претпријатие Паблик, што го издава добро познатото улично списание Лице в лице. На оваа средба се разменија првични информации за бизнис плановите на Паблик како и сферите каде Стопанска банка а.д. Битола може да понуди помош и know – how со цел нивно зацврстување на пазарот и етаблирање.

“Навистина сме среќни што сме ментори на Паблик. На располагање ќе ги ставиме сите наши оддели каде што ќе процениме дека Паблик ќе има корист од нив. Ова е една сосема поинаква општествено одговорна активност на Стопанска банка а.д. Битола. Со ова не само што ќе помогнеме на социјалната економија, туку ќе помогнеме и на заедницата, пред сé во поглед на креирањето нови работни места и помош на ранливите категории. Паблик може да смета на стручна и искрена помош. Како банка располагаме со одлични вештини, знаења и искуство и сме убедени дека ова социјално претпријатие за многу скоро ќе биде еден од лидерите во социјалната економија и пример за останатите”, изјави Наташа Савова, директорка за маркетинг во Стопанска банка а.д. Битола.

Дополнително, Савова нагласи дека тимот на Стопанска банка а.д. Битола е подготвен да помогне и во делот на маркетинг и брендирање на производите коишто Паблик планира да ги пласира на пазарот во предновогодишниот период. Следната средба е закажана во текот на следниот месец, откако банката ќе ги разгледа потребите за менторска поддршка на Паблик. Во својот бизнис план од Паблик предвидуваат да ја прошират својата продажна понуда со сродни производи кои ќе го носат логото на Лице в лице како што се пенкала, бележници, маички, капи, подлошки за чаши и сл.