Стопанска банка ги намали каматните стапки за потрошувачки и станбен кредит

19

stopanska bankaСтопанска банка АД – Скопје почнувајќи од 28.05.2013 ги намали каматните стапки за станбените и потрошувачки кредити со што ги подобрува условите на кредитирањето.

За сите барања за потрошувачки и станбени кредити примени и одобрени од 28.05. Банката ги намали каматните стапки, и тоа:

– 5,50% каматна стапка за станбен кредит, гарантирана за првите три години, за клиенти кои платата ја примаат во Стопанска банка. Променливата каматна стапка за истата категорија на клиенти изнесува 6,89% годишно за останатиот период.

– 6,50% каматна стапка за потрошувачки кредит без обезбедување за износ до 10.000 евра за сите клиенти на Банката, гарантирана за првата година; Променливата каматна стапка за износи над 5.000 евра изнесува 8,00%.

– 6,50% каматна стапка за потрошувачки кредит до 60.000 евра со обезбедување за клиенти со плата во СБ. Променливата каматна стапка за останатиот период изнесува 7,11%.

Дополнително, Банката ја продолжи и понудата за 0% административен трошок за потрошувачките кредити до 31.07.2013 и сите барања примени до 31.07.2013 ќе ја искористат и оваа голема поволност со што ќе бидат чекор поблиску до остварување на своите желби и потреби.

За повеќе информации поврзани со новите услови за станбени и потрошувачки кредити, информирајте се во една од нашите филијали каде на располагање имате советници за станбени кредити, како и за потрошувачки кредити кои можат да ви изработат пример амортизационен план и пресметка за посакуваниот кредит, како и да ве советуваат во текот на целиот процес на поднесување барање за соодветниот кредит. Дополнителни информации достапни се на нашата веб страница или преку 24 часа контакт центарот (02) 3100 109.