Стопанска банка: Исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот

19

Со почеток од први февруари 2019, Стопанска банка АД – Скопје почнува да врши исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД-Скопје, стои во соопштението.

Воедно, од банката потсетуваат за поволностите кои ги добиваат сите пензионери кои својата пензија ја примаат на сметка во Стопанска банка АД – Скопје, вклучително:

  • Бесплатна VISA/Master дебитна картичка поврзана со трансакциската сметка, со која може да се подигне пензијата
  • 10% намалување на променливите каматни стапки и можност за фиксна стапка, кај одредени кредитни производи
  • Можност за дозволено пречекорување
  • Повисоки каматни стапки до 0,2 процентни поени за орочениот депозит Мој план во однос на редовните каматни стапки
  • 24/7 бесплатен пристап и увид во трансакциска сметка како и можност за плаќање преку интернет.