Стопанска банка ќе исплаќа дивиденда на имателите на приоритетни акции

24

stopanska banka

Стопанска банка АД Скопје донесе одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на приоритетни акции.

“Стопанска банка ќе изврши исплата на дивиденда по приоритетни акции за 2015 година во вкупен износ од 2.729.328 денари или бруто износ од 12 денари по акција“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Основицата за пресметка на дивиденда изнесува 90.977.600 денари (227.444 приоритетни акции со номинална вредност од 400 денари по акција).

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга, е 10.06.2016 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 07.06.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 08.06.2016 година.