Стопанска банка ќе прераспределува дел од акумулираната добивка

12

stopanska banka

Стопанска банка донесе одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите.

“Собранието на акционери на Стопанска банка ја одобрува прераспределбата на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите, во вкупен износ од 35 милиони евра, пресмета по курсот на Народна банка на Македонија на денот на прераспределбата“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Овој износ, како што се наведува, не е расположлив во иднина за исплата на дивиденда на акционерите и истиот има третман на основен капитал на банката.

“Наведениот износ од 35 милиони евра ја вклучува распределената акумулирана добивка за 2010, 2011, 2012 и дел од добивката за 2013 година“, се вели во одлуката на Стопанска банка.

Во Образложението на одлуката се наведува дека овој чекор е направен со цел зајакнување на основниот капитал на Банката за износот од денарска противредност на 35.000.000 евра од средствата на акумулираната добивка преку нивна трансформација во акумулирана добивка, која нема да биде расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите) и ќе послужи за поддршка на основните деловни и развојни цели на банката.

Прераспределбата на добивките ќе се реализира со датум 30.06.2015 година.