Стопанска банка, Philips и Техномаркет отвораат интернет продавница

94

 

lojalna programa final

Стопанска банка АД – Скопје, холандскиот технолошки гигант Philips и малопродажниот ланец за техника во Македонија – Техномаркет, на 10-ти декември отвораат уникатна интернет продавница.

Во оваа веб – продавница ќе можат да пазаруваат само клиентите со платежни картички на Стопанска банка на кои ќе им биде овозможено да набавуваат премиум производи на Philips по ексклузивни цени со попуст до 40%.

Во неа ќе бидат поставени 12 атрактивни, мали апарати за домашна употреба на Philips од премиум категоријата и ќе може да се купат online, исклучиво со платежните картички на Стопанска банка АД – Скопје.

Стопанска банка го иницираше овој проект со којшто ќе им овозможи на своите клиенти, секојдневните рутински активности да ги поедностават, купувајќи врвни производи по одлични цени од удобноста на сопствениот дом.

“Секогаш се обидуваме да го евалуираме искуството на нашите клиенти низ нивните очи, бидејќи тоа е најточен и најискрен пристап за разбирање на вистинските потреби, а тие сознанија нé поттикнуваат да бидеме подобри во она што го работиме. Ги повикувам сите корисници на платежните картички на Стопанска банка да ја посетат веб – продавницата и да ја разгледаат уникатната понуда на Philips премиум производите. Убеден сум дека ова е уште една поволност која ќе им покаже дека во сите наши идеи и планови, тие се на првото место “, изјави Стефан Пепоски, директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.

Доставата на производите ќе се врши преку пошта за најмногу пет дена од продажбата, што дополнително го олеснува пазарувањето и го прави уникатно искуство и доживување.

“Нашата мисија е да бидеме што подостапни за граѓаните и сите наши капацитети, можности и потенцијали да ги ставиме во функција на олеснување на купувањето. Online купувањето е сé поприсутно и веќе ја надминува трендовската димензија со тоа што стана реална потреба во брзото секојдневие, а Техномаркет одамна го започна процесот на прилагодување со опцијата за онлајн купување. Предноста на оваа продавница е што е тематски и содржајно дефинирана, и што купувачите ќе ја имаат единствената можност за навистина премиум PHILIPS производи за 40% пониска цена, тоа е возможно само во www.lojalnaprograma.mk “, изјави маркетинг менаџерот на Техномаркет.

Повеќе информации за уникатната веб-продавница на: www.lojalnaprograma.mk.

poster-final