Стопанска банка присутна со штанд на Саемот за мебел

57

stopanska banka na saem

Стопанска банка АД – Скопје е присутна со штанд на Саемот за мебел кој ќе трае до 29.03.2015 (недела) на Скопскиот саем. Штандот на банката е лоциран на самиот влез од првата хала и претставува можност сите оние кои сакаат да купат мебел што го посакуваат, тоа да го направат со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје. Дополнително, трговците партнери на Банката се опремени со ПОС терминали и формулари за аплицирање кои ќе го олеснат купувањето на потрошувачите.

Посетителите можат да купуваат на овој Саем за мебел на рати со 0% камата со кредитните картички на Стопанска банка или до 72 рати со потрошувачкиот кредит на Банката, без административни трошоци. Исто така, може да се поднесат барања за кредит или картичка на штандот на банката, кај трговците партнери, а истовремено може да се добијат консултации од претставниците на банката, кои на лице место ќе овозможат пресметка за кредитот, ратата и минималната месечна отплата кај кредитната картичка.