Стопанска банка со 1,9 милијарди денари добивка ја заврши 2015 година

34

stopanska banka

Стопанска банка АД Скопје 2015 година ја заврши со добивка од 1.916.699.000 денари, покажува неконсолидираниот и неревидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, банката прикажа добивка од 1.512.343.000 денари.

Нето приходите од камати, за период од први јануари до 31-ви декември 2015 година,  достигнаа 3.370.688.000 денари, додека претходната 2014 година изнесуваа 3.130.534.000 денари.