Стопанска банка со добивка од 951,5 милиони денари за шест месеци

67

Стопанска банка, од први јануари до 30-ти јуни годинава, прикажа добивка од 951.556.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, банката евидентираше добивка од 1.054.339.000 денари.

“Во периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.057.284 илјади денари споредена со износ од 1.171.487 илјади денари остварена во истиот период минатата година. Намалувањето на добивката е пред се резултат на глобалната пандемија и последиците како на глобално ниво така и во домашната економија“, стои во Анализата на финансиските резултати.

Нето приходите од камати изнесуваат 1.838.365.000 денари, додека нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 353.854.000 денари и, како што се наведува, се намалени за 8,9% во однос на крајот од првото полугодие во 2019 година.

Фото: Facebook