Стопанска банка со нови понуди за станбени кредити

23

stopanska Стопанска банка ја почнува пролетната сезона со атрактивна понуда за сите поднесени или одобрени барања за станбен кредит од 05.03. до 05.06.2014 година. Покрај гарантираните каматни стапки за првите пет години, Банката на клиентите им нуди значително олеснување – 0 денари за административни и трошоци за процена.

Со оваа понуда, Банката им помага на клиентите да го направат првиот чекор во својот нов дом и ја потврдува поддршката што во своите 70 години ја гради и нуди за генерации на клиенти.

„Станбените кредити се долгорочни кредити и се обврска за буџетот кој семејството мора внимателно и детално да ја планира. Токму затоа, нудиме кредит со 5 години гарантирани годишни каматни стапки: 5% за првите три години и 6% за следните 2 години. По истекот на петте години во примена е променливата годишна каматна стапка која во моментов изнесува 6,89%”, информираат од банката.

Најголеми поволности користат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка изразени преку трајно намалени каматни стапки, но и скратена процедура и потребни документи. Станбениот кредит може да се користи за купување на стан, куќа, изградба или надградба на куќа, купување на деловен простор и рефинансирање по најповолни услови на кредити од други банки.