Стопанска банка со промена на надоместок за плаќање режиски трошоци

45

stopanska-banka

Од втори јануари, Стопанска банка АД – Скопје воведува надоместок за плаќање на режиски трошоци (сметки за: струја, вода, парно греење и комунална хигиена) и други услуги од специјализирани добавувачи (на пример: телекомуникации, мобилна телефонија, кабелски оператори) на шалтерите на банката, стои во соопштението.

Овој надоместок се однесува за плаќање на сметки/фактури на физички лица корисници на овие услуги, и тоа:

  • за плаќања од трансакциска сметка на клиентот во банката, износ од 20 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во банката;
  • за плаќања со готовина на шалтерите на банката, износ од 40 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во банката;
  • За компаниите добавувачи на вакви услуги, кои немаат отворено трансакциски сметки во СБ, при плаќањето на нивните услуги ќе се применува делот од Тарифата кој се однесува на плаќања преку КИБС и МИПС. (тарифна ставка 57.12; 57.13 од Тарифата за население http://stb.com.mk/tarifa-fizicki-lica.nspx и тарифна ставка 5.40 од Тарифата за правни лица http://stb.com.mk/tarifa-pravni-lica.nspx)
  • Без надомест останува плаќањето на режиските трошоци и другите услуги од специјализирани добавувачи (на трансакциски сметки на добавувачите на такви услуги отворени во банката) преку алтернативните i-bank канали или преку траен налог.