Стопанска банка со утврдување на каматните стапки за орочени депозити за физички лица

38

 

stopanska-banka

Сметано од 01.10.2017 година, Стопанска банка АД Скопје изврши промена на типот на каматна стапка за орочените депозити со месечна исплата на камата во денари и девизи (вклучително и девизни депозити со денарска камата), со следните периоди на орочување: еден, два, три, шест и 12 месеци, соопштуваат од банката.

Во таа смисла, за сите нови депозити од горенаведените видови, банката ќе пресметува и плаќа камата по фиксна каматна стапка согласно условите определени од страна на банката коишто се важечки на денот на орочувањето и се соодветно објавени во филијалите и/или на официјална веб страна на банката.

Наведеното за пресметување и плаќање на камата по фиксна каматна стапка ќе се однесува и за постојните орочени депозити од горенаведените видови во случај на нивно преорочување почнувајќи од 01.10.2017 година, доколку пред посочениот датум биле орочени со променливи камати. При секое наредно преорочување на депозитите, ќе се применуваат условите определени од страна на банката, коишто се важечки на самиот ден на преорочувањето и се соодветно објавени во филијалите и/или на официјална веб страна на банката. Воедно, сметано од 01.10.2017, Стопанска банка повеќе нема да склучува договори за орочени депозити во следните девизни валути DKK, SEK, NOK и JPY.

Сметано од 01.10.2017 година, во врска со останатите видови на орочени депозити за физички лица кои се детално објавени во Прегледот на депозитни производи на следниот линк, каматата ќе се пресметува согласно законските прописи и интерните акти на банката, а типот на каматна стапка се утврдува во зависност од видот на орочениот депозит и тоа како: фиксна каматна стапка, којашто е непроменлива за целиот период на орочување на депозитот.

Во случај на преорочување на депозитот со фиксна каматна стапка, истото се врши согласно условите определени од страна на банката коишто се важечки на денот на преорочување и соодветно објавени во филијалите и/или на официјална веб страна на банката или променлива каматна стапка, што банката ја определува врз основа на референтна каматна стапка којашто соодветно се коригира со соодветен корективен фактор за рочноста на депозитот.