Стопанска банка за девет месеци има добивка од 1,6 милијарди денари

17

stopanska banka

Стопанска банка во период од први јануари до 30-ти септември оваа година прикажа добивка во висина од 1.604.467.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, банката оствари добивка од 1.350.185.000 денари.

Нето приходите од камати, во овој период, достигнаа 2.511.653.000 денари, додека истиот период лани беа 2.321.755.000 денари.