Стопанска банка за шест месеци оствари добивка од 1,3 милијарди денари

19

 

stopanska-banka

Стопанска банка во првото полугодие од 2017 година оствари добивка од 1.308.762.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Во текот на првата половина од 2017 година Стопанска банка оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.308.762.000 денари, што е повеќе за 7,6% споредено со истиот период од минатата година“, стои во Анализа на финансиските резултати.

Истиот период претходната година, добивката на банката имаше ниво од 1.216.340.000 денари.

Приходите од камати изнесуваат 2.217.531.000 денари и истите се пониски за 0,6% во однос на првата половина од 2016 година, како резултат на надолниот тренд на движење на каматните стапки. Нето приходите од камати во првото полугодие имаа вредност од 1.828.213.000 денари, додека нето расходите од камати во истиот период изнесуваа 477.206.000 денари.