Стопанска банка започнува со издавање на нови и замена на постоечки општи транзитни царински гаранции

19

stopanska banka

Стопанска банка АД – Скопје (СБ) успешно ги исполни сите предуслови согласно Конвенцијата за заедничката транзитна постапка и е целосно подготвена да ги поддржи постојните и новите клиенти на банката при трговијата во Европската унија, ЕФТА и Турција, се вели во соопштението на банката.

Користејќи ја својата широка мрежа на кореспондентни банки и воспоставената одлична соработка на меѓународно ниво, Стопанска банка обезбеди агенти во сите земји членки на Конвенцијата и ја прилагоди релевантната документација, со што од денеска (01.07.2015) ќе започне со издавање на новите општи транзитни царински гаранции и замена на веќе постојните.

Компаниите ќе можат да се обратат во сите филијали на Стопанска банка со барање за издавање на нови или со барање за замена на веќе постоечките општи транзитни царински гаранции, согласно Конвенцијата за заедничка транзитна постапка во земјите на ЕУ, ЕФТА и Турција.