STOPCorona – апликација за споделување на симптоми од коронавирус

212

Растот на бројот на заразени од Ковид – 19 расте, а со тоа и обидите оваа пандемија што е можно поскоро да запре. Дигиталните алатки што се занимаваат со оваа тема  полека доаѓа во фокусот на јавноста, а еден од нив доаѓа од научници од повеќе земји во светот.

Како што пишува Netokracija, станува збор за апликацијата STOPCorona којашто има за цел што е можно поефикасно собирање на податоци за симптомите за овој вирус и неговото влијание врз здравјето на луѓето. Ќе послужи за создавање на база на податоци за симптомите коишто ќе им користат на надлежните служби со цел подобро информирање и контрола на лица кои евентуално имаат ризик да се заразат со оваа болест.

Од тимот што стои зад овој проект, објаснуваат дека идејата за STOPCorona доаѓа од ширењето на оваа зараза ширум светот. Во проектот се ангажирани научници од Хрватска, Италија, Јапонија, Бразил, Србија, Јордан, Кенија, Романија, Шведска, Чешка и други земји.

“Во тимот работат 38 лица од различни фирми во Хрватска и делови од светот, исто така и индивидуалци, сите експерти. Интензивно работат 20-тина лица, а останатите се задолжени за превод на апликацијата на локалните јазици. Засега имаме апликација преведена на 20 јазици“, велат од тимот.

Тие тврдат дека апликацијата има голем потенцијал да помогне во сузбивање на ширење на вирусот, бидејќи овозможува воспоставување на блиска соработка меѓу граѓаните и надлежните служи.

“За да ги отстраните потенцијалните нејаснотии, во оваа прилика би сакале да истакнеме дека апликацијата е наменета за пријавување на симптоми на дневна база за да може надлежните здравствени служби да имаат подобар увид во состојбата на терен во реално време и според сопствени оценки да ги искористат тие информации за подготовка на активностите и управување со ресурсите“, велат од STOPCorona.

Тие велат дека индивидуалните корисниците нема да имаат увид во податоците што се испратени, освен во статистичките податоци на пошироко ниво. Исто така, преку оваа апликација ќе им се овозможи на надлежните служби да ги контактираат лицата за кои сметаат дека треба да се тестираат.

Фото: Pixabay