“Стопен“ приходот на LVMH во вториот квартал

29

Приходите на конгломератот за луксузни производи LVMH се намалија во вториот квартал од годината, откако продавниците ширум светот се затворија и туризмот практично беше стопиран.

Компанијата пријави пад на приходите од 38% во трите месеци до јуни, стои во соопштението на LVMH. Сепак, ова е под очекуваниот пад на аналитичарите од 42%, пренесе Bloomberg.

Аналитичарите очекуваа дека вториот квартал ќе биде најлош досега за секторот заради ефектите од пандемијата. LVMH објави знаци на закрепнување во некои бизниси во јуни, особено силното подобрување во Кина. Очекувањата се дека трендовите ќе продолжат и во јули. Сепак, тоа не беше доволно и профитот за првата половина од 2020 година не успеа да ги исполни предвидувањата на пазарот.

Продажбата на одделот за мода и кожа на LVMH, во која се вклучени брендови, како Louis Vuitton, падна за 37% во кварталот од очекуваните 38% од аналитичарите. Истоимената марка ги зголеми цените на некои свои производи ширум светот, вклучително и за нејзините чанти за 5% кон крајот на јуни и почетокот на јули.

Фото: Facebook