Стотина илјади луѓе ја напуштиле Велика Британија поради пандемијата

31

Стотина илјади луѓе ја напуштиле Велика Британија поради влијанието на пандемијата врз економијата.

“Се случува ’егзодус без преседан’ на работници родени надвор од Велика Британија“, велат научници од Лондонскиот економско – статистички центар, кои го спроведуваат истражувањето.

Поголемиот товар од загубата на работа за време на пандемија падна врз грбот на работниците кои не се од Велика Британија и се одрази повеќе како миграција одошто како невработеност.

Трендот е посебно видлив во Лондон, каде секој петти работник е роден надвор од Велика Британија. Градската популација се намали за 700.000 лица, а ширум светот бројката би можела да достигне повеќе од 1,3 милиони луѓе.

Доколку бројките се реални, тогаш ова е најголем пад на британското население од Втората светска војна.

Статистичарите немаат доказ дека сличен број на Британци кои живеат во странство се враќаат во земјата. Но, тоа би можело да биде привремен тренд, бидејќи се очекува работиците од странство да се вратат откако ќе заврши пандемијата.

Фото: Freepik