Странци онлајн купуваат недвижнини во Турција

53

Агенции за недвижнини од Турција вршат онлајн продажба на недвижнини на странци со цел да се заштитат странците кои сакаат да купат недвижнини во земјата, пишува Хуријет.

“Онлајн продажбата започна во март. Локални компании се сретнаа со клиенти на дигитални платформи како што се Zoom, Facetime, Skype и WhatsApp. Ова е иновативен пристап“, вели Фсрук Акбал, претседател на Агенцијата за промоција на недвижнини.

Тој додаде дека агенциите за недвижнини организираат онлајн состаноци со странците кои се заинтересирани да купат недвижнини во Турција. На овој начин, во март се продадени 120 имоти.

Додека трае пандемијата, странците не би требало да се обесхрабрат да купат имот во Турција, па преку виртуелна тура може да го запознаат имотот што го бараат.

Според податоците, во март најмногу имоти купувале Иранци (465 куќи), потоа следуваат жителите на Ирак (426), Русија (227), Авганистан (184) и Палестина (119).

За еден месец биле продадени околу 109.000 куќи во земјата, што е 3,4% на годишна основа.

Фото: Pixabay