Странците оценија: Гостопримството ни е силна, а хигиената слаба страна

110

Просечната оценка на услугите на странските посетители на граничните премини во 2019 година беше 4,16, покажува Анкетата на странски посетители на граничните премини на Државниот завод за статистика.

Највисока оценка од странските посетители во Македонија има однесувањето на луѓето со 4,53. Потоа следуваат археолошките и историски ресурси со 4,51, природната средина (4,41), ресторани (4,37), аеродромски услуги (4,32) и забава и ноќен живот (4,25).

За безбедност, странците ни дале просечна оценка од 4,19, исто толку и за здравствените услуги.

Пониски оценки добија хигиената на јавни места (3,71) и патната мрежа (3,64).

Од анкетираните, 44,4% само транзитирале низ земјава, 36% останале на престој, додека 19,6% дошле во Македонија на еднодневен излет.

Просечната оценка на услугите на странските туристи во објектите за сместување во 2019 година била 4,48.

Според нив, највисока оценка добиваат: однесување на луѓето (4,66), сместување (4,53) и археолошки и историски ресурси (4,52).

Најниска оценка добија: патна мрежа (3,23), хигиена на плажите и езерата (3,78) и објекти на плажа (3,82).

Фото: Freepik