Странците во Србија инвестирале 20 милијарди евра

12

pariДо сега странците во Србија инвестирале 20 милијарди евра, а во странски компании работат 95.000 луѓе, велат во Советот на странски инвеститори. Во 2013 година, издадени се 2.784 работни дозволи на странци, и тоа на Руси, Кинези, Турци, Романци, државјани на БиХ, Германци и Грци, пренесуваат српските медиуми.

Од Советот истакнуваат дека освен директна материјална добивка, користа од странските инвестиции е и индиректна, затоа што многу од странците во Србија живеат со своите семејства и уредно ги плаќаат сите давачки.

Доаѓањето на странците и за економистите е добивка, затоа што носат нови знаења и го јакнат претприемачкиот дух, затоа што економијата е глобален процес.

Домашните бизнисмени истакнуваат дека не се рамноправни при инвестирањето и распределбата на субвенции, па тешко се носат со странската конкуренција.

Некои искуства говорат и дека не е се така идеално, затоа што многу странци нашле дупки во законот и се однесуваат согласно со таканаречените балкански стандарди. Сепак, приближувањето кон членството во Европската унија и достапност до деловните информации ќе ги намали ваквите ризици.