Странец во црногорска банка чува депозит од 9,7 милиони евра

132

Во Црна Гора има 63 милионери кои на сметки во банките имаат над милион евра, соопшти тамошната централна банка.

“Бројот на граѓани кои имаат депозит од милион и повеќе евра е поголем за три во однос на крајот на февруари“, велат за црногорските медиуми од Централната банка на Црна Гора.

Додека бројот на милионери се зголемува, најголемиот поединечен депозит се намалил на 900.000 евра во однос на крајот на април кога бил на ниво од 10,6 милиони евра.

“Најголемиот депозит на граѓанин сега изнесува 9,7 милиони евра. Станува збор за нерезидент“, објаснуваат од Централната банка на Црна Гора.

Според податоците, осум граѓани имаат депозити што надминуваат три милиони евра, а двајца имаат повеќе од пет милиони евра, додека нема таков чиј депозит е повисок од 10 милиони евра.

На крајот на минатата година, најголемиот депозит на граѓанин бил 17,9 милиони евра, а не станувало збор за нерезидент.

Фото: Pexels