Странски јазици кои ги претпочитаат работодавците

34

Едно нешто во барањата на работодавците во корона кризата не е променето – јазиците што вработените мора да ги зборуваат. Според анализата на специјализирани светски портали, познавањето странски јазици кои обезбедуваат можности за работа не е променето во последните, најмалку пет, шест години. Тие се: англиски, германски, француски, португалски и кинески…

Англискиот јазик може да се нарече “крал на работните места“. Овој јазик, дефинитивно, доминира на списокот на најбараните деловни важни јазици во светот. Се зборува во 94 земји, а има дури 339 милиони од оние кои го нарекуваат “мајчин“. Тој е официјален јазик на повеќето меѓународни организации и во повеќето земји во светот, се учи во училиштата од првите училишни денови. Ако знаете англиски, ќе имате повеќе можности да се вработите отколку некој друг со исто CV, но без познавање на овој јазик. Може да се каже дека познавањето на англиски јазик е потребно за секој што сака да напредува.

Кинескиот јазик е мајчин јазик за 955 милиони луѓе, скоро 15 % од светската популација. Кинескиот пазар доживува импресивен раст. Кинеските компании се шират на глобално ниво. Тие се повеќе се присутни во меѓународната трговија, но и во туризмот. Од овие причини, кинескиот јазик стана еден од најбараните кај работодавците. Лице кое знае кинески нема да има многу проблеми да најде работа.

Познавањето на шпански јазик е исто така многу пожелно, кога станува збор за работен ангажман. Некои земји принудуваат на учење на овој јазик во училиштата.

Арапски јазик зборуваат 295 милиони луѓе ширум светот. Тој е официјален јазик во 28 земји, од кои повеќето имаат многу моќни економии. Со него, лесно е да се најде работа во трговијата, туризмот.

Според неофицијални проценки, германскиот јазик го зборуваат околу 210 милиони луѓе, додека 95 милиони го сметаат за свој мајчин јазик. Се разбира, не само што е неопходен за да се работи во Германија, туку и во многу други европски земји, како што се Австрија, Белгија, Швајцарија, Луксембург или Лихтенштајн.

Португалскиот јазик го зборуваат околу 215 милиони луѓе. Земјите во кои овој јазик е официјален се Португалија, Бразил, но и области на Африка. Најмногу поради населението во Бразил, португалскиот е втор најчест јазик во Јужна Америка, по шпанскиот.

Дур 155 милиони луѓе го сметаат рускиот за мајчин јазик. Интересно, ова е втор најчесто користен јазик на веб-порталите, по англискиот. Компаниите високо го ценат познавањето на овој јазик, имајќи предвид дека тој е огромен пазар за сите стоки и услуги.

Францускиот јазик е официјален јазик во 39 земји во светот, а 75 милиони луѓе го сметаат за свој мајчин јазик. Тој е еден од најпопуларните јазици во светот, но не е од оние на кои работодавците инсистираат премногу често. Иако англискиот јазик во голема мера го замени, сепак се смета за дипломатски јазик.

Јапонскиот јазик го зборуваат 130 милиони луѓе, но претежно само во Јапонија. Бидејќи ова е земја која е една од најиновативните во технолошка смисла, таа што ќе реши да научи јапонски јазик, тешко може да остане без добра работа.

Фото: Pixabay