Странските банки од Хрватска повлекле шест милијарди евра

25

evraБанките со седишта во земјите во еврозоната продолжуваат со повлекување на капиталот од своите подружници во скоро цела средна и југоисточна Европа. Притоа, Хрватска е меѓу петте држави кои се најпогодени, стои во извештајот на Виенската иницијатива објавена на страната на ММФ, пишуваат хрватските медиуми.

Од 2008, кога почна кризата, до крајот на третото тромесечје на 2013 година, банките од еврозоната повлекле 169 милијарди долари од своите ќерки на европскиот исток, без Русија и Турција, односно 10% од нивниот БДП. Од Хрватска во последните 5,5 години се повлечени шест милијарди евра, односно 14% од хрватскиот БДП.

Најлошо поминала Унгарија, од каде банките повлекле вредност од 37% од унгарскиот БДП, потоа следуваат Латвија (36%), Словенија (32%), Литванија (22%) и Хрватска (14%). Полесно поминале Бугарија, Украина, Романија, Србија, БиХ, Чешка и Македонија.

Банките повлекуваат пари затоа што од почетокот на кризата се раздолжуваат и го намалуваат својот имот. Преостанатиот капитал што им е на располагање го селат во држави во кои очекуваат повисока заработка, како Русија и Турција.