Странските директни инвестиции лани се “лизнаа“ за 42%

25

Странските директни инвестиции (СДИ) во текот на минатата година се намалени за 42%, достигнувајќи вредност од 859 милијарди долари. Една година претходно СДИ на глобално ниво изнесуваа 1,5 илјади милијарди долари, покажуваат податоците на UNCTAD (United Nations Conference on Trade and Development).

Толку ниско ниво на СДИ, според оваа организација на Обединетите нации, последен пат е забележано во 1990-та година и е за повеќе од 30% под нивото на инвестиции во кризниот период во 2008-ма и 2009-та година.

И покрај проекциите за економско закрепнување оваа година, експертите на UNCTAD сметаат дека странските директни инвестиции ќе бидат на незадоволително ниво поради пандемијата.

Најмногу погодени од падот на СДИ се развиените земји, каде што има намалување за 69%.

Фото: Freepik