“Стрмен“ пад на берзата оваа недела

88

Коронавирусот ги исплаши инвеститорите ширум светот, па тоа е случај и со нашите, што се рефлектира врз работата на Македонска берза.

Неделниот преглед, за период од 23-ти до 27-ми март, покажува дека вкупниот промет оваа недела изнесуваше 4.032.214 евра, што претставува пад од 47,41%. Намалување од 31,28% има кај вкупниот број на трансакции, коишто оваа недела достигнаа бројка од 857. И пазарната капитализација оваа недела “во црвено“, бидејќи се позиционираше на 2.692.166.217 евра, односно 6,17% во споредба со претходната недела. Пазарната капитализација денеска достигна ниво од 1.399.825.633 евра, што претставува пад од 29,78% во однос на минатиот петок.

Индексот МБИ 10 денеска достигна 3.256,92 поени.

Неделниот преглед покажа дека петте натргувани акции беа оние на: Комерцијална банка, Макпетрол, Алкалоид. НЛБ Банка и ТТК Банка.

Фото: Facebook