Структурни деловни статистики за 2013 година

18

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2013 година, во рамките на структурните деловни статистики биле анализирани 54.305 деловни субјекти во кои биле вработени 339.346 лица, со остварен вкупен промет од 972.639.000.000 денари и со создадена додадена вредност од 209.070.000.000 денари.

Најголем број на претпријатијата припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало (43,7%), со 27%
од вкупниот број на вработени и реализирани 44,3% од вкупниот промет. Како втор по значење, секторот
Преработувачка индустрија учествува сo 13,1% од претпријатијата, 30,7% од вработените и 23,6% од вкупниот промет.

Во вкупната додадена вредност, пресметана според трошоците за факторите на производството, во 2013
година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (24,5%) и секторот
Трговија на големо и на мало (23,7%). Во однос на големината, во 2013 преовладувале микро претпријатијата со помалку од 10 вработени (90,9%). Во нив биле ангажирани 34,0% од вкупно вработените кои, пак, создале 24,0% од вкупната додадена вредност.

Од друга страна, големите претпријатија (0,2%) ангажирале 22% од вкупно вработените, притоа остварувајќи 33,7% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.