Струмица Табак оствари 457.890.000 денари загуба, покажува финансискиот извештај за 2016 година објавен на Македонска берза.
Една година претходно, компанијата евидентираше добивка од 4.998.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, достигнаа 639.298.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 1.227.000 денари, а поголемиот дел од 638.071.000 денари е остварен на пазари во странство.
Основна дејност на Струмица Табак е производство на тутунски производи.