Струмичко поле од јануари до септември работеше со девет милиони денари добивка

17

strumickopole

Акционерското друштво Струмичко поле за девет месеци прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 9.000.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември минатата година, компанијата прикажа 6.946.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваа 89.969.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 27.368.000 денари, а поголемиот дел од 62.601.000 денари е од извоз.

Струмичко поле произведува и продава земјоделски култури, како што се жито, асталско грозје, вино, ракија и други земјоделски и сточарски производи.