Струмичко поле за шест месеци прокнижи добивка од 8,7 милиони денари

20

strumickopole-580x97

Акционерското друштво Струмичко поле од село Василево во периодот јануари – јуни оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 8.766.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.

Истиот период претходната година, компанијата оствари 4.172.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2017 година изнесуваат 36.497.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се реализирани 14.639.000 денари, додека поголемиот дел од 21.858.000 денари е остварен на пазари во странство.

Компанијата произведува и продава земјоделски култури како што се: жито, асталско грозје, вино, ракија и други земјоделски и сточарски услуги.