
„Според податоците на компанијата „Гас Инфраструктура Европа“ (GIE), 48,2 проценти од резервите на гас останале во германските и 49,2 проценти во француските подземни складишта за гас од 9 јануари“, се наведува во соопштението на компанијата.
Студеното време што пристигна во Европа носи забрзано повлекување на гас од складиштата.
На 7 и 8 јануари беа забележани најголемите количини на гас некогаш повлечени од европските подземни складишта за тие денови, се додава во соопштението.
Претходно, на 5 и 6 јануари, количините на гас повлечени од складиштата, исто така, ги надминаа претходните дневни максимуми, истакна корпорацијата.
Вкупно, европското подземно складирање содрежеше 56,3 милијарди кубни метри гас на 9 јануари, што претставува 55,5 проценти од вкупниот капацитет за складирање и 12,6 милијарди кубни метри под нивоата од 2025 година.
Складиштата низ целиот блок беа полни само 83 проценти кога започна грејната сезона на 13 октомври годинава. Во земјите со големи капацитети за складирање, како што се Германија и Холандија, прва и трета по големина во Европа по капацитет, се вели дека залихите изнесуваат само 76 и 72 проценти, соодветно.
Прописите на ЕУ бараат подземните складишта за гас да бидат исполнети до 90 проценти капацитет помеѓу 1 октомври и 1 декември.











