Студент инвестирал 500, а заработил 200.000 долари од акциите на GameStop

89

Еден од победниците во војната на малите берзански трговци од Reddit против хеџ фондовите е апсолвент на Институтот за технологија Масачусет, Анубав Гуха. Тој во акциите на GameStop вложил само 500 долари, а потоа ги продал за над 200.000 долари. Вредноста на неговите акции порасна за над 40.500%, од моментот кога ги купил на осми и ги продаде на 27-ми јануари.

Тој е дел од движењето на форумот на Reddit – Wall Street Bets, на којшто малите инвеститори се договориле преку апликацијата за тргување на берза, Robinhood, да купуваат акции од GameStop, синџир на продавници за видео игри и AMC Entertainment, синџир од кино сали. Причина за овој договор е што хеџ фондовите сакале да заработат на падот на нивните акции.

“Постои чувство меѓу луѓето на Wall Street Beet дека ова движење е романтизација на идејата во којашто ја враќаме моќта на казнување на одговорните за кризата во 2008-ма година, коишто не сносеа никакви последици“, вели Гуха за Wall Street Journal/

Фото: Pexels