Студенти плаќаат школарина со криптовалути

54

Студенти на додипломски студии на Универзитетот во Бјеловар својата школарина ја плаќаат со криптовалути, пишува Вечерњи лист.

Со ова Универзитетот во овој хрватски град станува прва високообразовна установа во земјата што воведува таков начин на плаќање на школарина.

“Универзитетот ги следи трендовите, па така и блокчејн технологијата. Таа е сродна технологија на нашите студии по информатика. Пред три години воведовме изборен предмет Примена на блокчејн технологија, а нашите студенти беа воодушевени“, вели Зоран Врховски, продекан за настава и студенти.

На студентите им се дава можност школарината да ја платат со криптовалути како што се: bitcoin, ethereum, dia, EOS, stellar, ripple и bitcoin cash.

Универзитетот е основан во 2017 година со цел создавање на експерти од подрачјето на технички и биомедицински науки.

Фото: Pexels