Студентите од техничките факултети организираат Месец на претприемништво

30

POSTER

Студентите од техничките факултети на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство и Технолошко-Металуршкиот факултет), прв пат ќе организираат и ќе имаат можност да учествуваат на Месец на претприемништво.

Во текот на февруари ќе се организираат неколку предавања, работилници и панел дискусии, каде млади и успешни претприемачи, со огромен ентузијазам, ќе ги споделат сопствените приказни, совети, искуства и тактики како студентите да ја реализираат сопствената бизнис идеја.

Настаните ќе се одржуваат во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во наредните три викенди (13-14.02.2016, 20-21.02.2016 и 27-28.02.2016) од 12 до 15 часот.

Сите заинтересиран студенти може да се пријавуваат на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1sBPRDCzq5o7KgTcQ_jl5PuuLmx4wwIwY1n1Jsxnvc38/viewform?c=0&w=1

Своето искуство пред студентите ќе го пренесат претставници на компаниите HASELT, Grouper, Modular, Brainster, G6, МКхост, бизнис акцелараторите Super-Founder и NewMan’s Business Accelerator, здружението за бизнис и претприемништво CEFE и голем број индивидуалци кои се вклучени и се дел од старт-ап сцената во Македонија.

Целта на настанот е да се поттикне претпримачкиот дух кај студентите своите идеи да ги претворат во реалност. Овој настан, преку програмата Еразмус+, во 2017 година ќе добие интернационален карактер со учесници од цела Европа.

Организатори и иницијатори за одржувањето се студенти од Студентски парламент на ФЕИТ, во соработка со домаќинот на настанот – Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии во Скопје.