Компанијата Seavus и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) следниот месец организираат студентска конференција, со цел развивање на што поквалитетни ИТ кадри во Македонија и намалување на едукативниот јаз меѓу барањата на бизнисот и академијата.
Можност за пријавување на конференцијата имаат сите студенти и дипломирани инженери од областа на компјутерски науки и инженерство, со што ќе им биде овозможено да бидат препознаени од експертите во ИТ индустријата.
Потребно е да испрати семинарска, проект, истражување, дипломска, магистерски труд, или некое друго идејно решение, кое потоа ќе биде оценувано според техничката исправност на подготвениот материјал, разбирливоста на предложеното решение, можноста тоа да се имплементира и комерцијализира.
Од сите пријавени трудови 15 ќе бидат јавно презентирани, а најдобрите три ќе бидат наградени, вклучувајќи ја и можноста за вработување на нивните презентери во најголемата софтверска компанија во Македонија, Seavus.
Конференцијата ќе се одржи на 18 мај во Seavus едукативниот и развоен центар Пријавувањето се врши на официјалната веб страна на ФИНКИ.