Субрата Рој следната недела повторно доаѓа во Охрид

21

subrata_rojОхридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, денес се сретна со претставници на компанијата Сахарија Индија Паривар и најави дека сопственикот на групацијата индиецот Субрата Рој ќе го посети Охрид на 11 и на 12 јули.

Тие разговарале за простор и сместување за вработените кои треба да го градат елитниот туристички комплекс Сахарајан Македонија во селото Љубаништа.

“Добивме информација дека на 11 и 12 јули во Охрид ќе престојува претседателот на Сахарија Индија Групацијата, Субрата Рој и ќе имаме работна средба на која ќе добијам потполни информации околу сите работи поврзани со проектирањето и реализацијата на овој проект, за кој верувам дека активностите ќе се одвуваат во најдобар ред и кој што до 2020 година ќе биде изграден“, истакна градоначалникот.

Индијците од Бакрачески побарале обезебедување на дополнителни 17 хектари за изградба на сместувачки капацитети за персоналот кој ќе работи на тој комплекс.

На средбата на 11 и 12 јули со Субрата Рој се очекува да присуствува премиерот Никола Груевски, министрите за транспорт и врски и животна средина, но и амбасадорите на Америка и Британија. Во моментов се средуваат законските процедури и се работи на идејниот проект во студиото Аткинс во Лондон.

Според првичните пресметки Охрид до 2020 година ќе добие еден од десетте најлуксузни туристички комплекси во светот. Планирано е на 240 хектари во атарот на селото Љубаништа на копно и вода да никнат елитни хотели, казина, станбени и рекреативни објекти по меѓународни стандарди.