Субвенциите од проектот Купи куќа купи стан од сега неповратни

26

kupi_kuka_kupi_stan_g_0-640x360Со најновата владина измена во субвенциите за проектот Купи куќа, купи стан, парите за половина учество станаа неповратни. Оваа измената ќе важи како за новите, така и за веќе земените кредити.

Тоа значи дека граѓаните сега можат од почетокот на проектот да добијат неповратни 9.200 евра за стан или 15.000 евра за изградба на куќа, а оние корисници кои веќе аплицирале за половина учество и го добиле заемот, немаат обврска да го враќаат.

Oд министерството за финансии велат дека во случај на купување стан државата дава 50% од учеството или 9.200 евра за кредит од 50.000 евра. За купувањето или изградбата на куќа, каде што државата покрива 75% од учеството, корисникот добива 15.000 евра за кредит од 50.000 евра.

Бенефицијата важи доколку корисниците се придржуваат на веќе востановеното правило исплатата на кредитот да ја вршат подолго од десет години.

Моделот Половина рата е исто така атрактивен ако се има предвид дека во тој случај корисникот на кредитот ќе плаќа поевтина рата за свој дом отколку месечна кирија.

Во Половина рата за 50.000 евра кредит ратата изнесува 330 евра од кои корисникот плаќа само 82 евра, а државата 250 евра во првите пет години. Сите тие што плаќаат кирија од 100 евра месечно, можат наместо тоа да плаќаат 82 евра рата и да изградат куќа или да купат стан, истакнуваат во Министерството за финансии.