Судани предупреди на можно нарушување на извозот на нафта

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани  предупреди дека ако војната меѓу Израел и Хамас се прошири и во другите земји во регионот, тоа ќе влијае на протокот на нафта на меѓународните пазари.

Судани на меѓународниот мировен самит за Блискиот Исток во Египет рече дека Багдад одбива да го евакуира Појасот Газа бидејќи „Палестинците немаат друго место освен своја земја“, пренесе АП.

Тој повика на итен прекин на огнот и размена на затвореници за да се стави крај на сегашниот конфликт.
Судани рече дека ситуацијата немаше да дојде до оваа точка доколку се почитуваа резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Ирачкиот премиер предупреди дека актуелниот конфликт „ќе влијае на глобалната безбедност, ќе го ескалира регионалниот конфликт, ќе ги загрози енергетските резерви, ќе ги влоши економските кризи и ќе поттикне понатамошни конфликти“.