Во вториот квартал од 2024 година, Европската унија забележа суфицит од 130,4 милијарди евра на својата тековна сметка, што претставува 2,9 отсто од БДП, објави денеска Евростат.
Во првиот квартал од 2024 година, Европската унија привремено забележа нешто поголем суфицит од 132,4 милијарди евра и оваа сума претставува три отсто од БДП.
Суфицитот во трговијата со стоки падна од 111,6 милијарди евра во првиот квартал на 2024 година на 101,2 милијарди евра, додека суфицитот во тековната сметка на услуги се зголеми од 45,9 милијарди евра на 53,6 милијарди евра, се додава во извештајот.