Суфицитот во меѓународната трговија на еврозоната е 6,8 милијарди евра

Трговскиот биланс на еврозоната во октомври оствари суфицит од 6,8 милијарди евра, а податоците покажаа дека таа бројка е намалена од суфицит од 9,4 милијарди евра во октомври 2023 година.

Извозот од еврозоната во остатокот од светот во октомври се зголемил за 2,1 отсто на годишна основа на 254 милијарди евра, додека увозот е зголемен за 3,2 отсто на 239,4 милијарди евра, објави Евростат.
Во меѓувреме, Европската унија регистрираше трговски суфицит од 3,9 милијарди евра во октомври, наспроти 8,4 милијарди евра во октомври 2023 година.

Извозот на ЕУ во САД е зголемен за 4,7 отсто на годишно ниво и изнесува 47,9 милијарди евра, потоа Велика Британија со пораст од 5,4 отсто на 31,6 милијарди евра, додека во Кина е намален за 7,4 отсто на 17,2 милијарди евра, Швајцарија со пораст од 5,4 отсто на 31,6 милијарди евра. Турција со 9,9 милијарди евра, што е намалување за 1,4 отсто.

Во меѓувреме, Кина беше најголемиот увозник во ЕУ во октомври, со 50,3 милијарди евра, што е зголемување од 7,2 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Фото: Pixabay