Sun Swift најбрзиот соларен автомобил во светот

2

solar swift

Во Австралија неодамна беше соборен нов рекорд за соларни возила и тоа по 26 години. Електричниот автомобил Sun Swift, што е идеја на тим студенти од Универзитетот New South Wales, надмина растојание од 500 километри при просечна бризна од 100 километри на час, пишува порталот Croenergo.eu.

Со овој потфат, надминат е рекордот од 73 километри на час кој веќе 26 години беше недостижна цел за сите возила на соларен погон. Автомобилот е петта верзија на моделот Sun Swift кој во 2011 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најбрз соларен автомобил во светот.

Студентите велат дека овие возила достигна најголема брзина од 140 километри на час, а автономијата на возилото може да достигне 800 километри. Автомобилот е опремен со соларни панели од вкупна тежина од 600 килограми и сила од 800 W.

“Нашата цел е да се воспостават нови лимити за електрични возила на погон на соларна енергија. Се надеваме дека овој резултат ќе значи револуција во индустријата на електрични возила. Поминатото растојание од 500 километри е доказ дека еден ден сите возила би можеле да се движат на соларен погон“, вели Хајден Смит, лидер на проектот.