Фото: Indiegogo
Sunthetic е српски старт – ап, составен од креативци и инженери кои создаваат производи што користат чиста енергија. Нивниот прв производ е соларната маска за iPhone, пишува Startit.
Во овој момент маската е достапна за iPhone 6, 6s и 7. Маската од задната страна има батерија и соларен панел којшто собира енергија кога времето е сончево, па и кога има облаци. Со двоен допир на соларниот панел, батеријата на телефонот може да се дополни за 10%. Тоа може да се направи четири пати по ред, така што оваа батерија, кога е полна, овозможува дополнителни 40% еколошка енергија.
Целта на овој старт – ап е да покаже дека обновливите извори на енергија не се само еколошки корисни, туку може да се употребат и како практично и едноставно решение за секојдневни проблеми.
Sunthetic соларната маска има кампања на глобалната платформа за групно финансирање Ingiegogo, каде што планира да собере 45.000 долари.