Супер летно разладување, традиционалниот летен Outlet во Мебел-Ви со најниски цени досега

22

1

Време е за одмор, време е за супер вести. Време е за најголемата Outlet Промоција досега во Мебел – Ви. Традиционалната летна Outlet промоција оваа година, по повод 20 години постоење на Мебел – Ви, е со најниски цени и најголем број производи досега.

“Вратите на сите наши седум салони се ширум отворени за сите заинтересирани посетители кои со нетрпение ја очекуваа овогодинешната летна промоција. Подготвивме супер летни цени на 100 артикли, со попусти и до -50%. Промоцијата вклучува намалени цени на производи од сите категории, за дневен, трпезариски и мебел за спални и детски соби. Производите може да се погледнат на површина од 14.500 метри квадратни низ целата продажна мрежа на Мебел – Ви во Македонија. Посебно изненадување и за оние купувачи кои практикуваат купување од дома е тоа што голем дел од овие производи се достапни за нарачка и преку нашата Интернет продавница www.KupiMebel.com.mk, секако со бесплатна достава. Промоцијата трае од 14.06.2017 до 01.07.2017“, соопштуваат од компанијата.

Ова е совршена прилика купувачите да се запознаат и со новата колекција веќе достапна во нашите продажни центри од брендовите MONDIVI, Status, Мебел-Ви и Allegro.