Супербрз товарен воз ги поврзува Сибир со северна Европа

42

Руски железници претстави супербрз товарен воз за прекуграничен транспорт на линија од западен Сибир до северна Европа.

Првиот супербрз товарен воз, натоварен со хемиски производи, ја помина трасата од 4.500 километри, за само 5,5 денови, додека претходно транспортот на товарот со железница на истата рута траел 11,5 денови, соопштуваат Руски железници.

Скратување на времето за транспорт овозможи и специјален ред на возење што е координиран со финските железници, пренесува Танјуг.

Композицијата на возот, составена од 82 вагони, не морала да застане во текот на патот заради дополнително поместување на вагоните, што во голема мера влијае на намалување на времето за испорака.

Фото: Freepik