Супермаркетите во Франција смеат да продаваат само основни производи

26

Продажбата во супермаркетите и продавниците во Франција е ограничена само на основни производи, нагласи тамошниот министер за финансии, Бруно Ле Мер.

Сопствениците на мали книжарници и продавници за облека се огорчени поради владината одлука за затворање и ограничување на продажбата само на основни намирници. Тие бараат да останат отворени заради претстојните божикни празници со што ќе можат полесно да закрепнат од пролетните блокади поради пандемијата.

Како што ќе се намалува бројот на заразени, така властите ќе ги разлабавуваат рестриктивните мерки, под одредени услови.

Според владината одлука, супермаркетите нема да смеат да продаваат производи, како што е облека, обувки, цвеќиња и козметички производи.

Фото: Freepik