Сушата и климатските промени го преполовија производството на шафран

29

Цената на врвниот шафран во Иран порасна на 1.400 долари, двојно повеќе од 2022 година, а цените во светот би можеле да пораснат и до 1.800 долари, пишува Политика.

Тешките временски услови, сушата и климатските промени го преполовија производството на најскапиот зачин во светот. Минатогодинешниот принос нема да биде ниту половина од оној од 2022 година. Повеќе од девет десетини од светската понуда на овој зачин доаѓа од Иран.

Поради неговата способност да расте во сушни клими, повеќе од девет десетини од светската понуда на шафран доаѓа од Иран. Овој цвет го нарекуваат „пустинското злато“ и е ценет поради силниот мирис и богатиот вкус.

Но, лозарите и трговците велат дека климатските промени и лошите резерви на вода ги намалуваат приходите и дека падот на приносот веќе ја зголеми цената на најскапиот зачин во светот на нов рекорд.

Земјоделците во регионот на Хорасан очекуваат минатогодинешната жетва да биде помала од половина од онаа во 2022 година.

„Се очекува вкупното производство да падне од 400 тони на околу 170 тони“, рече Али Шаријати Мохамадам, извршен директор на Novin Safron, водечки ирански производител и извозник, според Financial Times.

Директорот на берзата за шафран во Торбат Јам рече дека студената зима, проследена со суви пролетни и летни горештини до 50 степени, го опустоши целиот североисточен регион во близина на границата со Авганистан.